Голманот на Рома, Миле Свилар повеќе не сака да брани за Србија, но нема да може да брани ниту за Белгија. Имено, Фудбалската федерација на Белгија доби негативен одговор од ФИФА бидејќи Свилар веќе еднаш се откажа од Белгија за да ги брани боите на Србија.
Ова на денешната прес-конференција го потврди селекторот на Белгија, Доменико Тедеско.
„Штета за Свилар, но сега барем имаме јасна слика за тоа“, изјави Тедеско.
Свилар бранеше на само еден натпревар за Србија, пријателскиот против Катар во септември 2021 година. Иако не беше натпреварувачки натпревар, ФИФА одлучи дека Свилар нема основа за нова промена на националниот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

