Белгија го задржа селекторот до 2026 година

Селекторот на Белгија, Доменико тедеско го продолжи договорот со националната фудбалска федерација до крајот на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

38-годишниот Тедеско во февруари минатата година ја презеде Белгија, а со оваа селекција избори пласман на Европското првенство, кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.

Тој ќе ја води Белгија на ЕП, потоа во Лигата на Нации и во квалификациите за СП 2026 година.

„За мене е привилегија да бидам селектор на Белгија. Сите во стручниот штаб уживаме во оваа работа. Многу сум задоволен што ќе го продолжиме патот кој заеднички го избравме“, рече Тедеско.

Се вчитува...