Александар Павловиќ се најде на списокот на германскиот селектор Јулијан Нагелсман за престојните натпревари со Франција и со Холандија. И покрај напорите да игра за Србија, сепак, на крајот тој ја одбра Германија.
Играчот на Баерн Минхен потоа ја објасни неговата одлука да заигра за германскиот национален тим.
„Многу сум среќен што сум повикан во германската репрезентација. Мојот план беше да одлучам после Европското пренство, но сепак, морав порано да донесам одлука. Би се заблагодарил на Србија која вложи многу труд во мене. Во моите гради чукаат две срца, мајка ми е Германка, татко ми е Србин. Така што не донесав одлука против Србија, туку одлука за Германија. Роден сум и пораснав во Минхен, целата кариера ја минав во Баерн, и се радувам на натпреварите со Германија“, рече Павловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА