Е. Пелистер го промовираше Никола Митревски: „Добредојде дома“

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, доби големо засилување меѓу диреците за следната сезона, откако денеска и официјално го промовираше капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски.

Митревски последен пат беше дел од Пелистер во сезоната 2019-2020, пред да замине во Порто. Тој потекнува од тимот на Пелистер, за кого играше од 2005 до 2007 година, а потоа беше дел од Вардар, Металург, Бенфика и Костанца.

„Добредојде дома“, беше пораката од Еурофарм Пелистер при промоцијата на Митревски.

Се вчитува...