Селекторот на Франција, Дидие Дешамп не е загрижен што Килијан Мбапе не игра редоно. Откако е јасно дека ќе го напушти ПСЖ идното лето, Енрике се одлучи да го става и на клупата на некои натпревари.
Дешамп во шега прокоментира дека можеби вака нема да биде толку изморен, и дека ќе биде посвеж за репрезентативните натпревари.
„Со оглед на натпреварите кои ги играше, ова е одлично. Елементот на свежина пред голем турнир е клучен. Добро е да играат, но на секои три дена ќе има замор. Не сум загрижен воопшто за Килијан. Ова е одлука за тренерот“, изјави Дешамп, кој изрази загриженост за малата минутажа на Коло Муани.
„Сепак, сметам дека може да му биде давана поголема минутажа на Коло Муани“, кажа францускиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

