Динамо Загреб доживеа вистинска бламажа на реванш дуелот против ПАОК во Солун и елиминација од Конференциската лига.
По победата во Загреб од 2-0 која „модрите“ ја славеа пренагласено еуфорично, сега добија „петарда“ од ПАОК во Солун со што ги завршија европските настапи.
Сето тоа е срамно за Мартин Батурина кој по мечот истакна…
„Срамен пораз… Повторно ни се случи Спарта. Знаевме што не чека, но некако како воопшто да не излеговме на терен. Сите грешевме, сите бевме лоши. На Максимир покажавме дека можеме а овде не знам што се случи“ – истакна Батурина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА