Астон Вила се пласираше во четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА по убедливата победа од 4-0 против Ајакс пред своите навивачи на реванш осминафиналниот дуел.
Првиот натпревар во Амстердам заврши без голови, а Астон Вила овој пат целосно доминираше за заслужена победа.
Пласман во следната рунда европски натпревари обезбедија и Бриж кој беше поуспешен од Молде, како и Лил кој ремизираше со Штурм.
Вистинска сензација приреди Олимпијакос кој со 1-4 во регуларниот дел на гостувањето против Макаби Тел Авив ја анулираше предноста на Израелците од првиот меч во Атина.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Астон Вила – Ајакс 4-0 (0-0)
Бриж – Молде 3-0 (1-2)
Лил – Штурм 1-1 (3-0)
Макаби ТА – Олимпијакос 1-4 (4-1) – продолженија
* Во заградите се резултатите од првите натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

