Уште еден удар за Партизан: Ледеј итно во САД, не се знае кога ќе се врати во Белград

Еден од најдобрите кошаркари на Партизан, Зек Ледеј по синоќешниот пораз од Барселона во Евролигата нема да се врати со екипата во Белград но итно ќе патува за САД поради тешка здравствена состојба на член на семејството.

Засега нема информации за тоа кога е планирано неговото враќање, па јасно е дека ќе отсуствува од следните натпревари на црно-белите, што ќе биде сериозен удар за тимот.

Сите во Партизан стравуваат дека неговото отсуство многу ќе ја отежне борбата за место во плеј-ин во Евролигата.

Партизан во сабота игра со ФМП во АБА лигата, а потоа го очекува двојна евролигашка недела со два дуели против шпански екипи.

Се вчитува...