Оклахома славеше против Далас со 126-119 во синоќешниот натпревар од НБА лигата. Без Лука Дончиќ, кој не играше поради проблемите со задната ложа, Далас не успеа да ја продолжи серијата победи.
Далас беше запрен по четири победи во низа, а Оклахома дојде до четвртата победа во последните пет меча.
Кај Оклахома се издвои Шеј Гилџес-Александер со 31 поен, Џејлин Вилијамс дополни со 27 поени. Кај Далас, пак, Кајри Ирвинг заврши со „дабл-дабл“ од 36 поени и 12 асистенции, а Тим Хардавеј дополни со 23 поени и девет скока.
Милвоки ја победи Филаделфија со 114-105. Јанис Адетукомбо го предводеше тимот со 32 поени, 11 скока и 7 асистенции. Брук Лопез дополни со 19 поени, а Демијан Лилард мечот го заврши со 17 поени.
На спротивнатастрана, Тајрис Макси беше најефикасен со 30 поени, Тобијас Харис дополни со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

