Русинот Данил Медведе е последниот полуфиналист во Индијан Велс, откако го надигра Холгер Руне со 7-5, 6-4 по двоиполчасовна борба.
Дуелот го одбележа инцидентот на отворањето на вториот сет. Данецот удри топка така што гаѓаше право во Медведев кој беше на мрежата,а потоа после неколку удари освои поен.
Медведев се изнервира што Руне, наводно, не се извинил, па при следниот поен го подигна шорцот што можеше повеќе, со што го исмејуваше Данецот кој игра со кратки шорцеви.
Но, преку видео-снимка се виде дека Руне се извини веднаш по ударот во телото на Данил, па по краток разговор со судијата набрзо се заврши со ракување на двајцата на мрежа.
First point of the 2nd set 😛@bnpparibasopen pic.twitter.com/uWI0rd83Cg
— Tennis TV (@TennisTV) March 15, 2024
Медведев во полуфиналето ќе игра со Американецот Том Пол, кој претходно славеше против Каспер Руд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

