Во сообраќајна несреќа ноќеска, животот го загуби 20-годишниот фубдбалер на Сплит, Шимун Шолиќ, потврдија од клубот. Шолиќ во болница им подлегна на повредите.
Шолиќ во младинските категории играл за Сплит, Хајдук, Солин и Дугопоље.
„Нашиот драг Шимун, момче со насмеано и ведро лиц, го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа се случи. За Сплит играше четири години, а неодамна повторно се приклучи во соблекувалната на Сплит, каде што сите го обожаваа поради неговиот ведар дух и топлината која ја имаше во себе. Шимуне наш, прерано не напушти, требаше да играш уште натпревари, но животот сакаше нешто поинаку. Засекогаш во нашите срца. Твој РНК Сплит“, стои во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА