Борислав Михаилов повеќе не е претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз, откако денеска на вонреден конгрес на собранието на сојузот, беше прифатена оставката на Михаилов.
На предлог на поранешниот претседател, гласањето беше јавно, а „ЗА“ гласаа 303 делегати, додека против беа 12. Делегатите исто така ги прифатија и оставките на членовите на Извршниот комитет.
Најверојатно на чело на бугарскиот фудбал ќе седне прославениот фудбалер, и некогашен ас на Манчестер Јунајтед и на Тотенхем, Димитар Бербатов. Бербатов веќе подолго време се бори за смена во бугарскиот фудбал и негово доаѓање на престолот.
Бугарија нема учество на големите натпреварувања од Мундијалот во 1998 година во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА