Крилниот фудбалер на Динамо Загреб, Арбер Хоџа доби повик за репрезентацијата на Албанија за натпреварите против Чиле и против Шведска, кои се играат овој месец.
Тоа е за Хоџа сосема нешто нов, со оглед дека досега настапуваше за репрезентацијата на Косово, но само на пријателски мечеви. По тој поглед има право да игра за друга репрезенација. Сега се одлучи да го искористи тоа право, и да донесе конечна одлука за која селекција ќе игра.
Голем мотив му е фактот што Албанија се пласираше на Европското првенство во Германија, и се надева дека ќе се најде на списокот на патници. Албанија е во група со Хрватска, Шпанија и Италија на ЕП.
Хоџа оваа зима од Славен Белупо стигна во Динамо Загреб за отштета од 1 милион евра. Тој е роден во Германија, но пред некоја година се реши да игра за Косово, а сега ќе ја менува слекцијата и ќе настапува за Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА