Кошаркарската федерација на Македонија одлучи прекинатиот натпревар помеѓу Чаир 2030 и КК МЗТ Скопје, кој беше прекинат на полувремето, ќе се доигра во празна сала, со време и резултат од моментот на прекинот.
Исто така КФСМ одлучи да ги казни и екипите на Чаир и на МЗТ Скопје. КК Чаир е казнет поради слаба организација со казна од 40.000 денари, а техничкиот раководител Алајдин Мустафа доби казна од 20.000 денари и забрана за вршење должност до крајот на сезоната.
МЗТ Скопје се казнува со 30.000 денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА