Голманот со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ, е нов член на македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер. 31-годишниот Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар по истекот на договорот со францускиот Шамбери.
195-центиметри високиот загрепчанин кариерата ја започна во матичниот клуб, играше во полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, па пак назад во Загреб и минатата сезона во Шамбери.
Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија. Новиот голман на Еурофарм Пелистер потпиша договор на две години со битолскиот клуб.
Официјалното претставување на Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на месец мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА