Тристан Вукчевиќ е последниот кошаркар кој од редовите на Партизан се пресели во НБА лигата. На сред сезона центарот ги промени клупските бои и во иднина ќе го носи дресот на Вашингтон Визардс.
Во франшизата од главниот град на Соединетите американски држави Србинот ќе има можност да заработи речиси пет милиони евра за две сезони со тоа што оваа сезона за само 16 натпревари ќе добие неверојатни 2.424.892 долари.
Вашингтон има опција да го задржи 21-годишникот во своите редови и за сезоната 2024/25 за која ќе му следат дополнителни 2.424.892 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

