Хаос во Рома поради порно снимка

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) денеска покрена истрага против младинскиот играч на Рома кој објави интимна снимка од функционер на клубот што доведе до негов отказ.

Судот на ФИГЦ отвори истрага, изјавија за Франс прес од италијанската федерација, потврдувајќи ги информациите од италијанскиот печат. Фудбалер на младинската екипа на Рома, кој е малолетник, во ноември имал пристап до мобилниот телефон на вработен во клубот кој работел во управниот сектор, под изговор дека морал да се јави на својот агент.

Според печатот, малолетникот пронашол снимка на телефонот на функционерот на која се гледа како млада жена е во интимна врска со функционерот која е нејзин претпоставен во клубот. Функционерот добил отказ поради ова видео. Во соопштението за медиумите објавено од Рома, тие велат дека ова е „јасен обид за напад и дестабилизација на клубот во клучниот момент од сезоната“.

Рома исто така додаде дека „отказот е последица на околности кои се во спротивност со кодексот на однесување на клубот“.

Се вчитува...