Легендата на Левски и на бугарскиот фудбал, Георги Иванов – Гонзо, е избран за нов претседател на Фудбалската федерација на оваа земја.
Иванов за местото прв човек во бугарскиот фудбал го победи легендарниот Димитар Бербатов откако доби 235, а наспроти 181 глас кој го доби поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Тотенхем.
Бербатов, Стилијан Петров и Мартин Петров му честитаа на Гонзо, и ја напуштија салата, одбија да бидат во Извршниот одбор, иако Иванов им понуди едно место.
„Сега почнува тешкото. Им благодарам на тие кои гласаа за мене и на кои не гласаа за мене. Јас сум преставник на сите. Вие сте луѓето кои ќе ми кажете кога нештата нема да бидат добри. Ветувам чесност и работа. Ќе работиме со децата и се надевам во 2026 година да играме на Светското првенство во САД“, изјави популарниот Гонзо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА