Швјонтек доминантно до финале на Индијан Велс, елиминација на Гоф

Првата тенисерка на светот, Ига Швјонтек ја продолжи доминацијата на Индијан Велс и во полуфиналето каде со експресни 2-0 (6-2 и 6-1) ја декласираше Марта Костјук.

Во големото финале полската тенисерка за протиничка ќе ја има Марија Сакари која приреди мало изненадување и славеше против фаворизираната Коко Гоф со 2-1 (6-4, 6-7 и 6-2).

Во финалето кое е на програмата во недела Швјонтек ќе игра за 19 титула во кариерата, а Сакари за третата.

Се вчитува...