Фудбалер на Манчестер Јунајтед е најголемата мистерија во Премиерлигата: Го нема 240 денови

Славниот Манчестер Јунајтед и оваа година има големи проблеми да ги исполни очекувањата на своите навивачи. Тимот предводен од Ерик тен Хаг европската авантура ја заврши во есен, а во моментот е далеку од врвот на табелата во Премиерлигата.

Причина за тоа е и „болницата“ во тимот со голем број на повреди на клучни фудбалери, а еден од нив несомнено е и Тајрел Маласија. 24-годишниот лев бек последниот настап за Манчестер Јунајтед го имаше на 28. мај 2023 година во последното коло на претходната сезона, а оттогаш не се најде ниту блиску до теренот.

Поранешниот фудбалер на Фејенорд се мачи со повреда, но навивачите на Манчестер Јунајтед се повеќе загрижени за неговата отсустност од тимот. Холанѓанецот го нема на фотографиите од тимските вечери, ниту на фотографиите од соблекувалната и теренот каде неговите соиграчи водат тешка битка.

Официјално, Маласија е повреден 240 денови што е премногу и за далеку постари фудбалери од него, но од редовите на тимот на паничат за неговата состојба. На пресконференција на 15. март 2024 година соопштено е дека тој работи по планот за рехабилитација и дека е блиску до надминување на повредата.

Се вчитува...