Навивачите ја бркаат легендата: Имобиле заминува од Лацио

Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле изразил желба да замине од клубот, пренесуваат италијанските медиуми. Причина за тоа се вербалните напади кои ги добива од страна на навивачите според кои е виновен за отказот на тренерот Марурисио Сари.

Имобиле неодмана остана заглавен во сообраќаен метеж во главниот град на Италија заедно со неговата сопруга и четиригодишен син, а навивач на Лацио кој го препознал излегол од автомобилот и го навредувал што го исплашило малото дете.

Имобиле е дел од Лацио од 2016 година. Досега настапи на повеќе од 330 натпревари за тимот од Рим на кои постигна 206 голови, а забележа и 54 асистенции.

Се вчитува...