Ѓоковиќ се огласи по откажувањето на настапот на Мајами Опен: Жалам, но…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по елиминацијата на мастерсот Индијан Велс одлучи да земе подолг одмор и го откажа учеството на Мајами Опен.

Најдобриот светски тенисер по оваа одлука се огласи на социјалните мрежи каде како причина за истото го наведе балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот.

„Здраво, Мајами. За жал, оваа година нема да играм на Мајами опен. Во овој дел од кариерата морам да го балансирам приватниот и професионалниот живот. Жал ми е што нема да играм пред некои од најдобрите и најстрасните фанови на планетата. Со нетрпение очекувам во иднина да се натпреварувам во Мајами“, напиша Ѓоковиќ.

Се вчитува...