Финансиските проблеми со кои се соочува Барселона го доведоа каталонскиот тим до фаза да мора да ги продава и своите најдобри фудбалери. Еден од нив несомнено е Роналд Арахуо кој постојано се поврзува со заминување од клубот, нешто што нему воопшто не му е приоритет.
Во изјава за шпанските медиуми 25-годишниот уругвајски дефанзивец кратко ги прокоментира гласинтие за заминувања велејќи дека не може да се замисли во друг клуб.
„Не можам да замислам да играм во друг клуб освен во Барселона“, изјави Араухо.
Уругвајскиот репрезентативец е во Барселона од 2018 година, а неговиот договор е со важност до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

