Фулам му одржа лекција на Тотенхем во лондонското дерби (ВИДЕО)

Фулам му одржа вистинска фудбалска лекција на Тотенхем во лондонската дерби пресметка триумфирајќи убедливо со 3-0 во 29. коло од Премиерлигата.

А, ниту овој резултат не е доволно висок, ако се погледне што се се случуваше на теренот. Домаќините можеа да дојдат и до далеку поубедлива победа.

По неискористените неколку шанси во првиот дел, Фулам сосема заслужено до предност од 1-0 дојде со голот на Родриго Муниз во 42. минута.

На почетокот од второто полувреме, во 49. минута Лукиќ зголеми на 2-0, а Родриго Муниз со својот втор гол во 61. минута ги постави конечните 3-0.

Се вчитува...