Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа со 84-89, на гостувањето против Чаир 2030 во прекинатиот натпревар од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига.
Натпреварот денеска беше доигра во празна сала во Чаир, по прекинот пред два дена поради инцидентот кој се случи на полувремето од дуелот.
Па, во денеска одиграните последни две четвртини, „металците“ беа поконцентрирани кон победата, наметнувајќи активен ритам во третиот период од играта иако домашните се обидуваа да одржат пристојна негатива. Стигнаа од Чаир и до минус од само три поени на почетокот од последната четвртина, но потоа гостите зедоа се во свои раце и контролирајќи предност од 7-8 поени разлика го приведоа натпреварот до крај, со победа од 84-89.
Најдобар кај МЗТ беше Гилон со 19 поени и седум асистенции, а по 16 поени постигнаа Војдан и Дамјан Стојановски, како и Баковиќ. Во редовите на Чаир 2030 неверојатен беше Галовеј со 40 поени.
Со оваа победа МЗТ Скопје се израмни повторно по бројот на победи (16) со Работнички, наспроти и четири порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА