Лацио конечно дојде до победа по три едноподруго порази. Тимот од Рим славеше со 2-3 на гостувањето против Фросиноне во 29. коло од Серија А, па ја продолжи битката за место кое води на европската сцена следната сезона.
А, натпреварот не почна баш најдобро за „лацијалите“ откако Лирола во 13. минута ги донесе домашните до предност од 1-0. Но, потоа следеше целосна доминација на Лацио кој со три гола дојде до 1-3.
Најпрво, Закањи во 38. минута израмни (1-1), а во вториот дел Кастеланос во 57. минута и во 62. минута постигна два гола за 1-3.
Кедира во 70. минута единствено успеа да го ублажи поразот на Фросиноне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

