Македонската ракометна репрезентација претрпе два порази во Романија на гостувањето против оваа селекција, но „црвено-жолтите“ настапија значително ослабени оваа ЕХФ-седмица, без неколку стандардни првотимци што се одрази врз играта и врз резултатот.
Селекторот Кире Лазаров смета дека оние кои добиле шанса ја оправдале довербата, кормиларот на националниот тим е задоволен од ангажманот и односот кон репрезентативниот дрес, но и изрази надеж дека на следниот собир – оној закажан за мај за баражот за СП 2025 против Фарските Острови нашата селекција ќе биде комплетна.
„Ја искористивме максимално ЕХФ неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен која исто така се подготвува за бараж натпреварот против Чешка во мај. Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани причини, шанса дадовме на нови играчи кои се дебитанти или имаат лимитирана улога во националниот тим во нормална ситуација Вакви натпревари се од голема важност да се види на кого може да се рачуна во ваков тип на тешки натпревари поготово на гостински терен. Се надевам дека за баражот во мај ќе се комплетираме и ќе се подготвиме да одиграме квалитетен бараж натпревар бидејќи не очекува сериозен противник за пласман на Светското првенство. Задоволен сум од желбата ангажманот и односот на овие два натпревари од целиот тим“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА