Анчелоти импресиран од Гулер: Само големи таленти може така да ја читаат играта

Арда Гулер доби шанса и во завршницата на вчерашниот натпревар помеѓу Осасуна и Реал Мадрид кој заврши со „кралска“ победа од 2-4, а малку фалеше во листата на стрелци да се запише и младио Турчин.

Гулер во четвртата минута од судиското продолжение се обиде да го искористи фактот што голманот на Осасуна не беше во својот шестнаестник па шутираше од половина терен и погоди пречка на неверување и на неговите соиграчи.

Турчинот ги импресираше медиумите, соиграчите, навивачите, но и тренерот Карло Анчелоти кој имаше пофални зборови по крајот на средбата.

„Само голем талент може вака да ја чита играта, а тој е голем талент. Нема врска што не постигна гол, за нас ова е гол“, изјави италијанскиот стратег.

Се вчитува...