Крај на една ера: Жиру заминува од Европа

Легендарниот француски голгетер Оливие Жиру ќе ја заврши европската кариера во Милан, откриваат италијанските медиуми. 37-годишникот има уште три месеци од актуелниот договор со Милан по што ќе замине во МЛС шампионатот.

Во Соединетите американски држави за неговиот потпис се заинтереирани Њујорк и Лос Анџелес Галакси со што голгетерот за прв пат би настапил надвор од Европа.

Жиру кариерата ја започна во Гренобл, а во Франција настапуваше и за Тур и Монпелје пред да се пресели на „Островот“. По шест сезони во Арсенал во 2018 година оствари трансфер во Челси, а оттаму во 2021 година се пресели во Милан.

Оваа сезона настапи на 35 натпревари во сите конкуренции за „росонерите“ на кои постигна 14 голови и девет асистенции.

Се вчитува...