Нов кикс на Јувентус: Само бод против Џенова

Јувентус испушти нови значајни бодови во битката за втората позиција на табелата откако во 29. коло ремизираше без голови во натпреварот против Џенова.

„Старата дама“ пропушти серија на добри шанси да ја затресе противничката мрежа. Обидот на Гати во 32. минута беше блокиран, а Самуел Јуниор и Кин два пати ја погодија пречката. Извесни шанси да гол имаше и Душан Влаховиќ, но и обидите на Србинот не завршија зад грбот на Мартинез, a напаѓачот потоа беше и искучен во самиот финиш откако заработи два жолти картони.

По третиот натпревар едно по друго без победа во Серија А, Јувентус е на третото место на табелата со 59 бодови колку што има и Милан кој воедно има и натпревар помалку.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...