Вест Хем даде два гола со рака, освои само еден бод против Астон Вила

Вест Хем и Астон Вила ги поделија бодовите играјќи 1-1 во последниот меч од ова скратено викенд-коло во Премиер-лигата поради четвртфиналните двојки во ФА Купот. „Чеканите“ се тимот што повеќе ќе жали за ваквиот исход ако се знае дека домаќините три пати го матираа голманот Мартинез, но дваод тие погодоци беа постигнати со рака, по што беа поништени по долга ВАР-анализа.

Антонио беше играчот кој го доведе Вест Хем во водство откако искусниот голгетер одлично се снајде по еден центаршут на Куфал и го совлада Мартинез. Антонио на почетокот од вториот дел погоди и за 2-0, но видео-снимките покажаа дека тој со рака ја турнал топката кон мрежата и тој гол беше поништен.

Бод за Астон Вила на овој натпревар спаси Николо Заниоло, откако италијанскиот интернационалец натрча на едно додавање на Бејли и го совлада одличниот Ареола.

Се вчитува...