Рајo Валјекано конечно ја прекина серијата од девет натпревари без победа во Ла Лига откако тимот на нашиот Столе Димитриевски вечерва славеше на домашен терен над Бетис со 2-0.
Македонскиот голман беше одличен и со неколку извонредни интервенции ја сочува својата мрежа незатресена, што е негов десетти меч без примен гол оваа натпреварувачка сезона. Стрелци на головите за Рајо беа Лежен во 40. минута и Камелјо во 78. минута.
Тимот на Димитриевски со овој триумф побегна на седум бода од опасната зона, откако беше без победа уште од 2 јануари и гостувањето против Хетафе (0-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

