Хаос по турското дерби: Батшуаи со кунгфу удар по навивач на Трабзон (видео)

Супердраматичен беше дуелот меѓу Трабзон и Фенербахче на кој домаќините се вратија од 0-2 израмнувајќи на 2-2 благодарение на евроголот на нашиот Енис Барди (за 1-2), пред Мичу Батшуаи да стапи на сцена и со гол во самиот финиш да им донесе три бода на гостите од Истанбул.

Страстите зовреа пред крајот на мечот кога за малку ќе дојдеше до масовна тепачка меѓу фудбалерите на двата тима, а хаосот кулминираше по завршниот свиреж на судијата, кога десетици домашни навивачи втрчаа на теренот додека Фенер се уште ја прославуваше победата.

Во главна улога повторно беше Батшуаи, кој забележа како еден домашен навивач трча кон него, па со кунгфу удар го изненади залетаниот навивач.

Нецела минута подоцна уште поголем број на домашни навивачи влетаа на теренот, по што фудбалерите на Фенербахче спасуваа жива глава бегајќи кон соблекувалната.

Се вчитува...