Енис Барди постигна незаборавен погодок на дербито меѓу ТРабзонспор и Фенербахче, но овој дуел нема да остане запаметен по ремек-делото на македонскиот репрезентативец, туку по хаосот што се случи по завршувањето кога стотина домашни навивачи влетаа на теренот и почнаа да ги бркаат гостинските играчи кои ја прославуваа победата.
Барди веднаш по натпреварот даде изјава за турската телевизија во која вината за големиот инцидент ја насочи кон фудбалерите на Фенербахче.
„Би сакал да зборуваме за фудбал бидејќи ние сме фудбалери, ова што го правиме на теренот ни е работа. За жал, се случија лоши работи во финишот, но сметам дека никој не треба да провоцира на начин на кој што тоа го направија фудбалерите на Фенербахче. Тие провоцираа со прославата на теренот, по што навивачите реагираа и влетаа… Третиот гол на ФЕнербахче беше постигнат по чист прекршок на гостите, не разбирам зошто не беше досуден. Севкупно гледано, ова бепе одличен фудбалски натпревар, штета е што се случи сиот хаос на крајот“, изјави Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

