Тен Хаг задоволен: Одигравме баш добро против Ливерпул

Ерик тен Хаг не го криеше задоволството по одличното издание на Манчестер Јунајтед и покажаниот карактер во пбоедата од 4-3 над Ливерпул во четвртфиналето од ФА Купот на Англија.

„Црвените ѓаволи“ се вратија од негативи од 1-2 и од 2-3, но холандскиот стратег беше најгорд на почетните триесетина минути во кои Јунајтед доминираше и заслужено водеше со 1-0 пред Ливерпул да направи пресврт.

„Одигравме баш добро, а начинот на кој почнавме ме прави особено горд. Оние први 35 минути беа најдобро нешто од Манчестер јунајтед оваа сезона, делувавме одлично, бевме како вистински тим. Потоа загубивме здив, почна да се остава простор меѓу нашите линии, а тим како Ливерпул знаеше како да ги казни таквите грешки. Моравме да промениме некои работи, направивме измени и тргнавме на ризик… играчите беа навистина фантастични и горд сум на нив. Веруваа во победата до самиот крај и таквиот пристап донесе резултат“, изјави Тен Хаг по големата победа.

Манчестер Јунајтед за ривал во полуфиналето од ФА Купот го доби Ковентри, меч што ќе се игра на неутрален терен на „Вембли“ во Лондон.

Се вчитува...