Барселона покажува дека во топ-форма ќе го дочека клучниот дел од сезоната откако каталонскиот гигант вечерва одигра извонреден меч среде Мадрид, декласирајќи го на гостински терен тимот на Атлетико со 0-3. Откако обезбедија пласман во четвртфиналето од ЛШ избраниците на Чави јасно покажаа дека нема без борба да се откажат ниту од борбата за титулата во Ла Лига, славејќи во голем стил над големиот ривал во борбата за што повисок пласман.
Диего Симеоне дефинитивно ќе има кошмари од Жоао Феликс, откако Португалецот како и на првиот меч сезонава повторно постигна гол за Барса против Атлетико, стрелајќи прецизно по асистенцијата на Роберт Левандовски.
Вториот гол беше дело на самиот Левандовски по додавањето на Рафиња, а на 0-3 зголеми младиот Фермин Лопез. Домаќините беа исфрустрирани, па на крајот останаа и со фудбалер помалку по црвениот картон што го заработи Молина во судиското продолжение.
Каталонците со оваа победа ја прескокнаа Џирона на второто место на табелата, но се уште заостануваат огромни осум бода зад лидерот Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

