Далас маверикс по огромна борба успеа да слави во пресметката со шампионот Денвер нагетс, триумфирајќи со 107-105 благодарение на лудиот шут со звукот на сирената на Кајри Ирвинг, кој успеа да погоди преку Никола Јокиќ за огромна радост на домашните кошаркари и навивачи.
Дуелот беше суперинтересен и израмнет во првото полувреме, а Далас прв посериозно се одлепи во вториот дел од мечот. Домаќините прокоцкаа „плус 13“, а кога Мареј погоди тројка за 102-105 на 28 секунди до крајот се чинеше дека гостите ќе стигнат до победата. Дончиќ веднаш погоди тројка и го израмни резултатот, а топката во последниот напад на Денвер заврши кај Мареј, кој промаши, а домаќините фатија скок на 2,8 секунди до крајот и побараа тајмаут.
Ирвинг ја презеде одговорноста со еден неверојатен шут преку Јокиќ, ѕвездата на Далас успеа да погоди кога беше најважно и да му донесе огромен триумф на својот тим.
Лука Дончиќ повторно беше извонреден постигнувајќи 37 поени, Ирвинг постигна 24 поени, додека Никола Јокиќ немаше свој ден во тимот на Денвер, промашувајќи бројни шутеви за дабл-дабл од скромни 16 поени и 11 скокови.
Esto es completamente absurdo. Kyrie Irving gana sobre la bocina a Denver con un gancho usando su “mano mala”.pic.twitter.com/mgOscc7BkF
— Losilla (@Losilla_) March 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

