Мајами стигна до 37. победа во сезоната откако славеше на гостувањето кај Детроит со 101-104 благодарение на Бем Адебајо. Центарот на Мајами го одлучи противникот со тројка со звукот на сирената.
Со 20 поени и 17 скокови тој воедно беше и второ име во својот тим зад Робинсон кој постигна 30 поени и 5 асистенции. Детроит го предводеше Фурние со 18 поени.
Дербито помеѓу Милвоки и Феникс им припадна на Бакс кои славеа со 140-129. До победа ги предводеа Лилард и Портис со по 31 поен на кои бекот додаде и 16 асистенции, а крилниот центар 10 скокови. Кај гостите најрасположен беше Бил со 28 поени и 7 асистенции.
Во останатите натпревари: Далас – Денвер 107-105, Орландо – Торонто 111-96, Вашингтон – Бостон 104-130, Сан Антонио – Бруклин 122-1115, Лос Анџелес Клиперс – Атланта 93-110.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

