Новак Ѓоковиќ – осум години најдобриот тенисер на светот

Новак Ѓоковиќ продолжува да ги поместува границите кога се во прашање неделите поминати на врвот на АТП листата. Српскиот тенисер и оваа седмица е официјално најдобриот тенисер на светот со што ја започна 417 недела од своето „владеење“.

И покрај тоа што нема да настапи на Мајами Опен, и имаше лош настап на Индијан Велс, Србинот и во следните три недели ќе биде на првото место. Тоа значи дека за три дена ќе комплетира осум години поминати на врвот на АТП листата.

На второто место останува Карлос Алкараз, а зад него следат: Јаник Синер, Данил Медведев, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Холер Руне, Каспер Руд, Хуберт Хуркач и Алекс де Минор.

Се вчитува...