Дончиќ за победничкиот кош на Ирвинг: Не верувам дека ќе видам пак такво нешто (ВИДЕО)

Суперинтересниот натпревар помеѓу Далас и Денвер во НБА лигата заврши во супердрамтична завршница во кој пресуди Кајри Ирвинг. Американецот погоди со звукот на сирената над Никола Јокиќ и тоа во пад со левата рака.

Погодокот наиде на големо воодушевување кај навивачите, но и кај играчите на Далас. Лука Дончиќ во неверување падна на паркетот, а по средбата говореше и за моментот.

„Човече тоа беше неверојатно. Не сум сигурен дека луѓето сфаќаат колку тежок шут беше тоа. Со лева рака. Тој е посебен играч. Не верувам дека сум видел таков шут порано или пак дека ќе видам повторно“, изјави Дончиќ.

Се вчитува...