Поен каков што може да освои само Карлос Алкараз (ВИДЕО)

Карлос Алкараз и Данил Медведев се сретнаа во големото финале на првиот мастерс во сезоната Индијан Велс. На трофејот се радуваше младиот Шпанец кој славеше со 2-0 во меч кој траеше еден час и 44 минути.

На истиот не недостасуваа возбудувања. Шпанскиот и рускиот тенисер приредија неколку фантастични поени, а еден од нив сигурно ќе конкурира за поен на сезоната.

Истиот е дело на Алкараз кој во првиот сет прво успеа да спаси поен на противникот, а потоа по неколку размени и да го освои и тоа при предност на Русинот при резултат 4-4.

Се вчитува...