Јабуселе и Кампацо во клинч пред Партизан, Љуљ скокна од клупа да ја блокира камерата (видео)

Актулениот шампион на Евролигата, Реал Мадрид има нова одлична сезона во која е лидер на најсилното европско кошаркарско првенство, а е и на првата позиција на табелата во Шпанија. Сепак во клубот не владее идила, напротив во пресрет дуелот против Партизан замалку беше избегната пресметка на Факундо Кампацо и Гершон Јабуселе.

Аргентинецот и Французинот имаа жестока вербална пресметка на клупата при еден тајм-аут на средбата против Уникаха, а причина не беше јасна, но видливо е дека ситуацијата не беше нималку пријатна.

Ќе можеше да се чуе или види нешто повеќе за недоразбирањето доколку не интервенираше капитенот Серхио Љуљ кој скокна од клупата и со пешкир ја покри камерата.

Се вчитува...