Премиерлигата му одзема четири бодови на Нотингем Форест

Премиерлигата му одзема четири бода на Нотингем Форест поради прекршување на Правиата за профит и одржливост со што тимот ќе се соочува со голем проблем.

Одземените четири бода го сместуваат Нотингем Форест во опасната зона со 21 бод зад Лутон кој се искачува на 17. место на табелата со 22 освоени бодови.

Казната за Премиерлигашот доаѓа од случајот „Бренан Џонсон“. Поранешниот младински фудбалер на овој клуб доби понуда за преселба во Брентфорд вредна 30 милиони фунти на почетокот на летниот трансфер рок, но истата беше одбиена со цел да се добие поголема заработка за запазување на финансискиот фер-плеј, надминувајќи го рокот од 30. јуни предвиден за пресметка на одрживоста на премиерлигашите.

На крајот Џонсон беше продаден за 47.5 милиони фунти на Тотенхем, но Премирелигата не го прифати образложението за прекршување на финаинскиот фер-плеј. Како потсетување, Нотингем Форест претходната сезона потпиша 42 фудбалери надминувајќи ја сумата за трансфери над 250 милиони евра, a премиерлигашите не смеат да загубат повеќе од 105 милиони фунти во тригодишен период.

Се вчитува...