Италијанската фудбалска федерација денеска соопшти дека на местото на стоперот на Интер, Франческо Ачерби за следните два натпревари ќе биде повикан стоперот на Рома, Џанлука Манчини.
Иако не се објавува главната причина, сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Ачерби е отстранет од националниот тим поради расизам. На вчерашниот меч помеѓу Интер и Наполи, играчот на гостинскиот тим Хуан Жесус го обвини Ачерби дека го нападнал на расистичка основа.
Веднаш реагираа од италијанската федерација и денеска го отстранија Ачерби.
Ачерби не ги отфрли обвинувањата, туку после натпреварот наводно му се извинил на Жесус за неговите испади, но не му простија од Италија каде што веднаш реагираа и дефанзивецот на „нероазурите“ нема да биде во комбинација на турнејата во САД и мечевите со Венецуела и со Еквадор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА