Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси се налути на голманот на Рома, Миле Свилар кој го одби неговиот повик за да брани за Белгија. Но, откако стана јасно дека нема да може да биде дел од „Црвените ѓаволи“, единствена опција му остана Србија, но и таму повеќе нема да биде викан за националниот тим.
Пикси најави дека повеќе нема да го вика чуварот на мрежата на Рома.
„Ние бевме известени од спортскиот директор на Рома дека тој не сака да брани за Србија. Не знам ни кога бранел за Србија, не загубивме ништо, тоа е негова одлука. Нема тука голема приказна, нема позитива. Кои се причините, не сакам да навлегувам, и да го пуштиме дечкото да си има своја кариера. Презадоволни сме од она што го имаме. Имаме доста голмани, не ме загрижува неговата одлука, не навлегувам зошто, што и како, ќе му излеземе во пресрет и нема повеќе да го повикуваме“, рече Пикси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА