Робињо: Немаше да ме осудат за силување во Италија ако бев белец

Бразилецот Робињо ја чека пресудата на Врховниот суд на Бразил за обвинението за силување, а за целиот случај ја обвинува „расистичката“ Италија.

Поранешниот фудбалер на Милан, Реал Мадрид, Манчестер сити веќе е осуден во Италија за силување на Албанка. Меѓутоа, бидејќи нема договор за екстрадиција меѓу Бразил и Италија, тој е во својата татковина и таму му се суди за силување.

Тој случај сега е пред Врховниот суд на Бразил. Но, поранешниот бразилски репрезентативец упорно негира дека го сторил делото за кое е обвинет во 2013 година.

„Да бев бел никогаш немаше да бидам осуден. Ме осудија затоа што Италија е расистичка земја“,  изјави Робињо.

Се вчитува...