Српскиот кошаркар Никола Калиниќ речиси сигурно ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната.
Договорот на крилото со каталонскиот тим истекува на 30. јуни, а како што пренесуваат шпанските медиуми Барселона не презела никакви чекори околу неговото останување во Блауграната.
Се додава дека 32-годишниот српски кошаркар е на мета на многу евролигаши, меѓу кои се издвојува Црвена звезда.
Калиниќ сезонава е еден од лидерите во тимот на Роџер Гримау, а поранешниот играч на Раднички, Звезда и Фенербахче за 21 минута игра во АЦБ лигата во просек бележи 6,6 поени, 3,4 скока и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА