„Битката на Папара парк“ е овековечена преку мурал (ФОТО)

Неколку дена по одигрувањето на натпреварот меѓу Трабзон и Фенербахче се уште се зборува за него.

Резултатот беше 2-3 за гостите од Истанбул, но не станува збор за големиот број на голови, убави потези и добра атмосфера од играта, туку за скандалозните сцени кои беа видени по последниот судиски свиреж.

Навивачите на Трабзон втрчаа на теренот и влегоа во физичка пресметка со играчите на Фенербахче, а хаосот брзо се прошири низ целата планета преку социјалните мрежи.

Конкретно, многу се зборува за Нигериецот, Брајт Осаја-Самуел, десниот бек на турскиот великан, кој претепа двајца хулигани. Начинот на кој реагираше ги воодушеви навивачите на Фенербахче кои брзо му посветија мурал во најголемиот турски град.

 

Се вчитува...