„Црвена звезда и Партизан се како дрога“

Суперѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ покрај одличните игри во НБА, е познат и по своите подкасти кои се едни од најгледаните во Америка.

Во последниот подкаст, одличниот играч ја допре европската кошарка, најмногу белградските клубови Црвена звезда и Партизан.

„Има многу интересни работи во Евролигата. Дали некогаш сте ја виделе атмосферата на натпреварите. Мојата сопруга Данијела е Србинка и ми покажа детали од натпреварите помеѓу Црвена звезда и Партизан. Тоа е неверојатно ривалство. Тоа е како дрога. Кога бев во Србија ме прашаа за кого навивам. Таму е опасно ако те фатат како навиваш за противничкиот тим“, истакна Џорџ.

Се вчитува...