Смртта на поранешниот белоруски репрезентативец во хокеј, Константин Колцов, кој во последните години беше во врска со тенисерката Арина Сабаленка, претставува самоубиство откако Колцов се фрлил од балконот во хотелската соба во Мајами.
Белоруските медиуми утрово информираа дека причина за смртта е пулмонална тромбоемболија, но американската полиција попладнево се појави со спротивни информации.
„Одделот за убиства на полицијата во округот на Мајами ја презеде истрагата за очигледното самоуиство на Константин Колцов. Не постои никаков доказ за било какво кривично дело“, се вели во официјалното полициско соопштение.
Засега не се обелоденуваат нови детали околу страшната случка, како и дали Сабаленка во тој период била во хотелот заедно со Константин. Колцов допатува во САД со својата девојка за да ја бодри на турнирите во Индијан Велс и во Мајами, тој беше присутен во ложата на белоруската тенисерка на првиот турнир, па затоа и информацијата за самоубиството претставува огромен шок за сите кои ги познаваа Сабаленка и Колцов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

